Американскиот спортски ТВ канал „ESPN“ ги наведе Топ 10 кандидати за МВП наградата претстојната регуларна сезона во НБА.
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ се најде на врвот на листата со 48 отсто од гласовите. На второто место е актуелниот МВП центарот на Денвер, Никола Јокиќ со 10 отсто, а членот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александер на третото место.
Номинирани за наградата МВП од страна на „ESPN“ за сезона 2024/25 во НБА-лигата.
1. Лука Дончиќ – 61 поен (48% од гласовите за прво место)
2. Никола Јокиќ – 40 поени (10%)
3. Шеј Гилџус-Александер – 37 поени (24%)
4. Ентони Едвардс – 15 поени (5%)
5. Јанис Адетокунбо – 13 поени (5%)
6. Џоел Ембид – 8 поени (5%)
7. Џејсон Тејтум – 5 поени (5%)
8. Ентони Дејвис – 3 поени
9. Џа Морант – 2 поени
10. Кевин Дурант – 1 поен.