Познати Букурешт

„Принудувал жени да снимаат порно“: Полицијата упадна во куќите на интернет ѕвездата Ендрју Тејт

Ендрју Тејт стекна слава на социјалните мрежи каде што пропагира мизогински ставови, се фали со своето богатство и им проповеда на тинејџерите и младите мажи токсична верзија на тоа што значи да се биде маж.

„Принудувал жени да снимаат порно“: Полицијата упадна во куќите на интернет ѕвездата Ендрју Тејт

Романската полиција изврши рација во неколку куќи во областа Букурешт што им припаѓаат на британско-американската интернет ѕвезда Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан.

Акцијата била извршена рано утрината, потврдиле за романскиот портал news.ro од адвокатскиот тим на браќата. Тие се обвинети за трговија со луѓе и експлоатација на млади жени во Романија, каде го чекаат почетокот на судењето.

Главната канцеларија на Романија за истрага на организиран криминал и тероризам соопшти дека биле извршени претреси во четири имоти и дека претресите се поврзани со истраги за трговија со луѓе и перење пари.

Канцеларијата не ги соопшти имињата на осомничените, но најави дека се истражуваат потенцијални нови казнени дела.

Браќата Тејт и две соработнички во Романија се обвинети дека принудувале млади жени да учествуваат во снимање порно видеа. Служејќи се со манипулации ги направиле зависни од нив. Романските истражители идентификуваа седум жртви, а три од нив поднесоа обвиненија.

Ендрју Тејт стекна слава на социјалните мрежи каде што пропагира мизогински ставови, се фали со своето богатство и им проповеда на тинејџерите и младите мажи токсична верзија на тоа што значи да се биде маж.

Тој и неговиот брат првпат беа уапсени на 30 декември 2022 година во близина на Букурешт. Три месеци подоцна, им е одреден куќен притвор. Тие добија право на слобода со кауција во август 2023 година, но не им е дозволено да ја напуштат Романија.  (МИА)

Најнови вести од Познати

To top