Свет Национален институт за јавно здравје

Брег на Слоновата Коска: Потврдени 28 случаи на мпокс, еден починат

Од африканските земји, најтешко е погодена Демократската Република Конго, каде се регистрирани 16.000 заразени, од кои 548 починале.

Брег на Слоновата Коска: Потврдени 28 случаи на мпокс, еден починат

Во Брегот на Слоновата Коска се регистрирани 28 случаи на зараза со мпокс, при што едно лице почина од болеста, соопшти синоќа Националниот институт за јавно здравје.

Институтот потврди „28 потврдени случаи, вклучувајќи една смрт“ во Абиџан, изјави д-р Дауда Кулибали. Во претходниот извештај од 1 август, беа пријавени шест заразени лица, без смртни случаи.

Од африканските земји, најтешко е погодена Демократската Република Конго, каде се регистрирани 16.000 заразени, од кои 548 починале. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top