Американскиот кошаркарски „дрим-тим“ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, но дел од играчите на селекторот Стив Кер веднаш по финалниот натпревар против Франција биле повикани на допинг-тест, чии резултати на крајот се покажале како негативни.
Ентони Едвардс откри повеќе детали за домашната јавност и рече дека веднаш по мечот бил повикан на допинг-тест, заедно со Стеф Кари и Кевин Дурент.
Водителот на панелот шеговито рече дека допинг-тестот особено бил потребен за Стеф Кари, кој одигра брилијантна партија против Франција и буквално самиот го донесе триумфот за неговата селекција.
Anthony Edwards says Steph Curry got drug tested after the gold medal game in Paris. He also mentioned that he and KD were also tested.
(via @boardroom)
pic.twitter.com/a4D9QWpTxG— TheWarriorsTalk (@TheWarriorsTalk) August 20, 2024