Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Синсинати, откако во финалето за 76 минути ја совлада Американката Џесика Пегула со 2-0 по сетови 6-3, 7-5.
Еден брејк беше доволен за Сабаленка да го освои првиот сет. Вториот сет започна со брејк на Белорусинката, кој сервираше за победа при водство од 5-4, но Пегула направи брејк и израмни на 5-5.
Сепак, Сабаленка повторно го одзеде сервисот на противничката, па ја искористи првата меч-топка и стигна до победата. За Сабаленка оваа бепе петнаесетта титула во кариерата и освои 523.485 долари.