Нов тренер на фудбалскиот клуб Вардар ќе биде Горан Петрески, поранешниот напаѓач на оваа екипа, кој од неодамна доби ангажман во стручниот штаб на клубот.
Популарниот „Чунга лунга“ го прифати предизвикот и ќе се обиде да ги исполни клупските амбиции во новата сезона, која Вардар ја започна со нов спонзор, како и половичен учинок по две кола.
– Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата. Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар, – стои во клупското соопштение на ФК Вардар.
„Црвено-црните“ вчера го победија Пелистер и стигнаа до првата победа сезонава, за денеска неочекувано да биде потврдено дека Михаилов заминува поради приватни причини.