Имајќи го предвид неговата висока позиција и важноста од одржување на стандардите за безбедност и државен протокол, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се однесува според прописите предвидени со закон и протоколот за безбедност, велат од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.
„Оваа одлука е во согласност со вообичаената практика за високи службеници, со цел да се обезбеди заштита и непречено извршување на неговите обврски. Всушност, обезбедувањето на Претседателот на Собранието е должно да го следи секое негово движење. И во случајот со посетата во Косово, кој стана тема од некои опозициони настроени медиуми, нема никако нарушување на овие стандарди и тоа може да се провери од сите заинтересирани страни.
Имено, во отсуство на политичка агенда и стравувајќи за своето минато, некои опозициски партии се обидуваат преку искривување на вистината, да манипулираат со јавноста дека се работи за некое кршење на предвидените стандарди.
Сепак, Претседателот е посветен на целосна и транспарентна соработка за разјаснување на сите аспекти на тој настан, но и за секоја друга тема што ја засега јавноста“, се вели во соопштението на коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.