Македонија

Јанев во посета на Езерската полиција

Јанев во посета на Езерската полиција

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска беше во работна посета на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Охрид и Езерската полиција во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ.

-Разговаравме за тековните состојби и предизвиците со кои се соочуваат колегите кои се грижат за сообраќајот на подрачјето на Охрид, воедно извршив увид во регистарот за мобилните камери за тело кои се користат од полициските службеници при превземање на полициски овластувања. Увидов дека е неопходна промена во начинот на водењето на евиденциите со цел зголемена грижа и подигање на свеста за нивно рационално и соодветно користење, истакна Јанев.

Пловните објекти со кои располага Езерската полиција се на задоволително ниво и притоа потребно е да се промени начинот на тактичност, оперативност и мобилност при нивно користење.

Јанев нагласи дека е посебно потребно да се посвети големо внимание во начинот на правилно ракување со техничките средства и секоја несоодветна грижа за истите нема да биде толерирано.

Најнови вести од Македонија

To top