Останати спортови

Одбојкарките на Македонија стартуваа со пораз во квалификациите за ЕП

Одбојкарките на Македонија стартуваа со пораз во квалификациите за ЕП

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија после деценија и половина е дел од едни квалификации за Европско првенство, но стартот на оваа фаза започна доо пораз од Австрија на домашен терен.

Одбојкарките на селекторот Стефан Пауновиќи играа против изразит фаворит на отворање на подготовките, но мора да се напомене дека македонските девојки се прикажаа во се подобро светло од сет во сет.

Првиот сет беше убедлив за Австријките и нашите девојки освоија 14 поени, во вториот напредуваа и освоија 17, додека последниот трет сет беше најдобар во офанзивен поглед.

Македонките стигнаа до границата од 20 поени и на крајот се затвори мечот со 14:25, 17:25 и 20:25, што доволно покажува дека има уште простор за прогрес во нашиот тим.

Второто коло од квалификациите за ЕП е на програмата на 28-ми август, ден кога Македонија ќе игра на гости против јужниот сосед Грција.

To top