Фудбал

Стартуваше новата сезона во ВМФЛ

Стартуваше новата сезона во ВМФЛ

Македонија Ѓорче Петров на домашен терен го пречекаа Охрид и сигурно славеа со резултат 2:0, натпревар на кој двата гола бее постигнати во вториот дл.

Крсте Велковски погоди од пенал во 54-та минута, а три минути подоцна веќе беше 2:0 со голот на Симеон Христов и стана јасно дека бодовите остануваат во скопската населба.

Во дербито на двата поранешни прволигаши, Брегалница славеше над Победа со 2:1 и ја отвори сезоната со три бода, пред се благодарение на Глигоров и Абази кои беа стрелци на головите.

Почесниот гол за Победа го постигна Ангелковски во 67-та минута.

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
Кочани: ОСОГОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-2
Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ 2-2
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД 2-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-1
Гевгелија: КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 2-2
Радовиш: ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ 2-4
Гостивар: АРСИМИ – БЕЛАСИЦА 4-2

20. АВГУСТ 2024 (17 ч.)
Велес: БОРЕЦ – БАШКИМИ

To top