Македонија

Сирково заштитено, куќите и црквата безбедни, пожарникарите го гаснат пожарот

Сирково заштитено, куќите и црквата безбедни, пожарникарите го гаснат пожарот

Селото Сирково е заштитено, куќите и црквата се безбедни, пожарникарите го гаснат големиот пожар во росоманско, потврдија попладнево за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

– На терен се делува со десет пожарникари и шест возила, рекоа од Противпожарната единица која интервенира во кавадаречка и росоманска општина.

Оттаму појаснија дека пожарот е над селото.

Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук напиша дека била спасена фарма од пламените јазици.

Најнови вести од Македонија

To top