Асистентот на Метју Пери, Кенет Ивамаса, призна пред обвинителството дека на актерот му вбризгал смртоносна доза кетамин.
Како што соопшти обвинителството во Калифорнија, Ивамаса на 7-ми август се изјасни за виновен за нелегалната дистрибуција на кетамин, што ја предизвика смртта на Пери. Тој, исто така, призна дека постојано му вбризгувал кетамин на Пери без медицинска обука.
Тоа го направил и на денот кога умре Пери.
Според обвинението, Ивамаса му дал на Пери најмалку 27 инјекции на кетамин во последните пет дена од неговиот живот, вклучувајќи ги и последните три инјекции за кои обвинителите велат дека довеле до „неговата смрт“.
Тој беше негова десна рака цели 25 години, а за него не се знае речиси ништо
Ивамаса беше најдоверливата личност на Пери, а на својот профил на LinkedIn изјави дека работел за актерот повеќе од 25 години.
Во својата биографија тој накратко напиша: „Успевам во хаотични ситуации кои бараат ред. Дискретен сум, лојален и ја почитувам апсолутната доверливост“.
Тој го пронајде мртов
Потсетуваме дека безживотното тело на актерот во џакузито го пронашол токму овој помошник. И двајцата живееле заедно во последниот период, а како што тогаш пишуваа светските медиуми, тој се обидел и да го спаси.