Ивановски објасни и зошто е веројатно дека ќе се зголеми и сумата.
„Тоа ќе биде за проширување Тетово-Гостивар, за Гостивар кон Кичево и тоа не е до Кичево до крај, туку до Букојчани“, рече Ивановски.
Ивановски објасни дека за Струга, Требеништа, Ќафасан кон Албанија или на осумдесетина проценти од популацијата во Македонија не им треба тој автопат.
„Има поважни автопати како Градско-Велес, Велес-Битола да се поврземе со Грција многу полесно, тоа не е во програма нивна, а има и многу други грешни политики“, кажа Ивановски.
Според него не се направени нити навремени санации на патиштата укажувајќи дека кај нас коловозните ленти уште со бојат со боја, додека во Европа има вибрациони траки кои даваат звук, има знаци кои се гледаат од километар, а не како кај нас кога ќе дојдеш до нив.
„Во 2017 година кога видоа што значи да се прави автопат дојдоа со изјава дека автопатот е погрешно направен, односно од Кичево кон Охрид даваат илузија дека скршнал на страна, потоа признаа дека не проблем, па било проблем проектирањето. Но, едно е клучно секој што сака да гради прво треба да се реши експропријација а кога ќе почне да се гради тогаш е доцна и се заглавува“, заклучи Ивановски.