Хроника

Возач (19) со автомобил удрил во бетонски ѕид, повредени тој и малолетниот сопатник

Возач (19) со автомобил удрил во бетонски ѕид, повредени тој и малолетниот сопатник

Денеска (16.08.2024) во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од Кочани, удрило во бетонски ѕид.

-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

To top