Нашата Михаела Павловска се враќа со сребрен и бронзен медал од Пекинг, објавија на Фејсбук страната kamenica.mk
Нашата Михаела Павловска се враќа со сребро и бронза од Меѓународната олимпијада по геонаука во Пекинг. Одличниот резултат постигнат во ITFI категоријата на Михаела и донесе сребро, а бронзата ја освои во ESP категорија. Таа е дел од националниот тим кој ја претстави Македонија на овој престижен меѓународен научен настан во Кина. Посветеноста, трудот и љубовта кон науката на Михаела, надополнет со нејзините одлични резултати постигнати на регионалните и националните натпревари и донесе значен личен успех и на највисоко меѓународно ниво. Михаела Павловска на Меѓународната олимпијада во Кина, замина како ученичка при гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, каде е еден од најдобрите ученици. Нејзиното учество на Меѓународната олимпијада е голема чест и гордост за нашата заедница и целата. земја.