Делегации од министерството за одбрана и генералштабот и здружението на семејствата на загинатите бранители ќе положат цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации ќе положат цвеќе пред бистите на народните херои чии имиња ги носат касарните.
Делегацијата од Собранието ќе ја предводи потпретседателот Антонијо Милошоски, а во нејзин состав ќе бидат и пратеничките Емилија Ангелова и Даниела Белимова.