Кошарка

Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар по Мајкл Џордан

Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар по Мајкл Џордан

Овој пат се јави и сопственикот на грчки Панатинаикос, контроверзниот Димитрис Јанакопулос. Интересно е тоа што, според него, еден од најдобрите на денешницата е Србинот Никола Јокиќ, а не неговиот сонародник Јанис Адетокумбо. Кога е во прашање дебатата за најдобар во историјата, за Димитрис немаше дилема – Мајкл Џордан.

Познат по тоа што искрено ги искажува своите мислења, без да бега од негативната реакција на јавноста, Јанакопулос уште еднаш даде таков одговор.

Под една објава на Инстаграм напиша дека толку многу го цени Јокиќ што го рангира веднаш зад легендарниот кошаркар на Чикаго Булс – Мајкл Џордан.

– -Никола Јокиќ е најдобриот играч по Мајкл Џордан, напиша Јанакопулос.

To top