Во третата епизода на dmPodcast, насловена ,,Колку и како се грижиме за менталното здравје?“ која трае повеќе од 1 час ќе ја слушнете интересната и искрена дискусија со Бојана Стојменовиќ Петровска – психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска – дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.
Слушателите на dm поткастот овој пат ќе дознаат која е поврзаноста на менталното со физичкото здравје, кога е вистинско време да побараат помош, кои се најчестите ментални нарушувања и како тие влијаат во секојдневието. Бојана Стојменовиќ-Петровска која е позната по својот Instagram профил Мој психолог, ни раскажа и за тоа зошто жените се поподложни кон одредени дијагнози:
Додека пак, Дона Неделковска искрено ни раскажа за својата животна приказна која ја довела до тоа да сфати дека понекогаш е неопходно да побараме помош – без разлика дали стручна или поддршка од најблиските, и тоа да го направиме навремено: „Самиот животот и насоката во која животот се движи, можеби би бил поразличен доколку порано, навреме сме побарале помош или рано сме ги решиле внатрешните конфликти и емоции и сѐ што сакаме во животот – вака се добива нова насока. Јас го сменив мојот живот од корен откако ми се случи тоа, но зошто чекав да се случи нешто големо за јас да направам промена?“
Ве интересира и за кои други теми разговараа гостинките во поткастот? Изгледајте ја целата епизода тука:
Серијата од епизоди на dm поткастот ни носи богато знаење и стручни совети, истакнувајќи ги различните перспективи на предизвиците и триумфите со кои се соочуваат жените во својот живот. Сите епизоди може да ги изгледате на YouTube каналот на dm!