Денеска е Св. праведен Евдоким.
Свети Евдоким се роди во Кападокија во деветтиот век, во времето на византискиот цар Теофил. Кога порасна стапи во војничка служба како офицер. Но, Евдоким не се препушти на бурниот и бучен војнички живот, туку и како војник строго ги пазеше Христивте заповеди.
Заради неговите големи добродетели уште како млад беше поставен за војвода на Кападокија. Се упокои на свои 33 години. Подоцна се покажа дека неговите мошти се беа сочувале цели, без никакви знаци на трулење и испуштаа добар мирис се целебни, т.е. многумина кои се допираа до нив добиваа исцелување од различни болести.
Подоцна моштите му беа пренесени во Цариград.