Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје, објави „Слободен печат“.
Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ потврдија дека и покрај смртта на Веизовска процесот против аптекарот ќе продолжи, со оглед на тоа што се работи за предмет кој е отпочнат по службена должност, односно во соработка со МВР и Обвинителството, а не по приватна тужба.
Целата вест прочитајте ја на „Слободен печат“
РЕДАКЦИЈАТА НА КУРИР ИЗРАЗУВА СОЧУВСТВО ДО НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО