Познати Инстаграм

Едвај преживеа кога партнерот ѝ пукаше во глава, но траумата е зад неа: Ивана во мини бикини се фати за работа (ФОТО)

Младите девојки и жени треба да се грижат за себе во секоја смисла и да бидат многу внимателни, истакна таа.

Едвај преживеа кога партнерот ѝ пукаше во глава, но траумата е зад неа: Ивана во мини бикини се фати за работа (ФОТО)

Актерката Ивана Панзаловиќ објави фотографија на која ја уредува градината и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Ивана покажа дека е вешта во градинарството, а сите се изненадија што ја крати живата ограда додека носи само минијатурно бикини.

Животот на Ивана го одбележала големата траума која ја доживеала кога вереникот пукал во неа, а неодамна открила дека побарала стручна помош.

-Размислував до кога ќе ме следи прашањето за немилиот настан, а потоа природно излезе дека тоа не е нешто што можам да го демантирам, бидејќи, добро, тоа се случи. Она што можам да го направам е да не се враќам на тие мисли и да успеам во тоа. На почетокот беше многу тешко. Пред се имам прекрасно семејство, кое е секогаш со мене, пријатели кои многу ми помогнаа и вечно ќе им бидам благодарна. Ми требаше многу труд за да ги пренасочам мислите и да закрепнам, но и време, истакнува актерката.

Таа призна дека побарала помош и од професионалец.

-Секако, имав и помош од стручни лица, во форма на психотерапија и тоа не треба да биде табу тема. Исто така, важен издувен вентил за мене е физичката активност, редовниот тренинг, читав книги, гледав филмови, но многу брзо потоа почнав да работам. Некои колеги ми подадоа рака, ме повикаа на проекти, а работата е лек. Жал ми е што многу лоши сценарија од тој тип се случуваат насекаде околу нас. Младите девојки и жени треба да се грижат за себе во секоја смисла и да бидат многу внимателни, истакна таа.

Најнови вести од Познати

To top