Ракомет

Ракометните кадети ја совладаа Украина на ЕП

Ракометните кадети ја совладаа Украина на ЕП

Машката ракометна репрзентација на Македонија до 18 години го отвори разигрувањето за пласман на Европското првенство со победа над Украина со 26-21 и го направи првиот чекор напред кон опстанокот во елитната дивизија..

Најдобар кај Македонија беше Самоил Ристевски со осум гола, пред Дамјан Митев кој имаше шест реализации, додека Теодор Пецаноски постигна пет гола.

Кај Украина најистакнат кај стрелците беше Маским Павловскиј и Вадим Оскилко со по шест гола. Во следните две кола, Македонија ја чекаат натпревари со Италија и Грција.

Првиот и вториот во групата обезбедуваат опстанок, а репрезентациите од 21 до 24 место се очекува да испаднат од најсилната конкуренција и ќе играат на ЕХФ шампионатот.

To top