Фудбал

Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“

Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“

Дефанзивците на Баерн Минхен, Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи пристигнаа во Манчестер, каде што треба да ги поминат лекарски прегледи пред нивните трансфери во оваа екипа.

Двата клуба ги договорија трансферите во саботата, при што Црвените ѓаволи ќе платат 50 милиони евра за Холанѓанецот, од кои пет милиони се во форма на бонуси, и ќе додадат уште 15+5 милиони за Мароканецот.

Де Лихт и Мазрауи утрово беа снимени на аеродромот во Минхен, од каде што заедно полетаа за Манчестер.

Откако ќе ги поминат лекарските прегледи, двајцата ќе потпишат петгодишни договори со опција за продолжување од 12 месеци.

To top