Српскиот кошаркарски клуб Партизан Белград наскоро треба да се засили со Алексеј Покушевски, откако преговорите меѓу двете страни се успешни.
Покушевски во изминатите години играше во НБА-лигата, а долго време беше член на Оклахома, која го избра како 17. пик на драфтот.
Талентираниот кошаркар претходно беше член на Олимпијакос, а неколку пати го носеше и дресот на Србија.