Фудбал шпанија

Саудиците се занесоа: Пробаа да го ангажираат Винисиус, експресно добија одговор

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор експресно ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија давајќи дознаење дека нема намера да го напушти Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Застапниците на Бразилецот биле контактирани од делегација од Фондот за јавни инвестиции (ПИФ), дејствувајќи во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија кои му понудиле на 24-годишникот да биде заштитно лице на лигата во позадина на Светско првенство во 2034 година.

Винисиус е презадоволен во Мадрид и нема намера да го напушти клубот во блиска иднина. Тој воедно е и една од најголемите ѕвезди на тимот, а изминатата сезона беше и еден од најзаслужните за успехот на „кралевите“ кои го освоија шпанскиот Суперкуп и првенство, како и Лигата на Шампиони.

To top