Кошарка

Стив Кер се повлекува од клупата на САД, познат е неговиот наследник

Стив Кер се повлекува од клупата на САД, познат е неговиот наследник

Откако кошаркарите на САД го освоија олимпиското злато по петти пат во низа, промени ќе има и на клупата на „дрим-тимот“.

Победата над Франција во финалето на Игрите во Париз беше последен меч за долгогодишниот селектор Стив Кер.

Еван Сидери од „Форбс“ објави дека Кер одлучил да се пензионира и да му ја препушти улогата на главен тренер на неговиот помошник и тренер на Мајами Хит, Ерик Сполстра.

Според тоа, Сполстра треба да ја предводи американската репрезентација на домашните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

To top