Кошарка

Втора победа на македонските кошаркари на ЕП Б дивизија за кадети

Втора победа на македонските кошаркари на ЕП Б дивизија за кадети

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во групната фаза на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Шведска со 75-74 по продолжение.

По стартната победа на Украина, избраниците на селекторот Александар Јованчев дојдоа до вториот триумф во неизвесен натпревар кој во регуларниот дел заврши нерешено 67-67. Најефикасен во македонските редови беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени.

Противник на Македонија во третото коло во рамки на групата Д ќе биде Естонија.Натпреварот ќе се игра в понеделник од 18:30 часот во СРЦ Кале.

To top