Ракомет

Ракометните кадети поразени и од Полска на ЕП

Ракометните кадети поразени и од Полска на ЕП

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со три порази го завршува настапот во групната фаза на Европското првенство, откако загуби и од селекцијата на Полска со 30-26 полувреме 14-11.

Дамјан Митев со 12 голови и Самоил Ристевски со 7 погодоци беа расположени во нашиот состав, но немаа вистинска поддршка од соиграчите, што на крајот резултираше со пораз, а конечниот резултат гласеше 30-26.

Голманот Ѓорѓи Николовски запиша девет успешни интервенции, додека на спротивната страна Кацпер Калета имаше три повеќе.

Македонија ќе го продолжи настапот на континенталниот собир со мечевите за пласман од 17. до 24. позиција.

To top