Ракомет

Познати сатниците на натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација на ракометното СП

Познати сатниците на натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација на ракометното СП

Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на ракометното СП што ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.

Машката ракометна репрезентација на Македонија своите средби против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ги игра во „Вараждин Арена“ во истиот град.

Првиот натпревар е на програмата на 15 јануари со почеток во 20:30 часот, додека втората средба е на 17 јануари против Холандија од 18:00 часот.

Последниот дуел од групната фаза ќе се игра на 19 јануари против Гвинеја од 20:30 часот, по што ќе биде познато дали продолжуваме во главната рунда.

Ако Македонија обезбеди место во главната рунда на СП 2025 и тие натпревари ќе ги играме во Вараждин.

To top