Свет Договор со Хамас

Вкупно 274 од 300 палестински затвореници од израелскиот список за ослободување се мажи

Според договорот, во првата фаза се очекува да бидат ослободени само 150 затвореници.

Вкупно 274 од 300 палестински затвореници од израелскиот список за ослободување се мажи

Израелското Министерство за правда објави список со 300 палестински затвореници кои би можеле да бидат ослободени согласно договорот со Хамас.

Повеќето се на возраст од 17 или 18 години, во рамки на старосна граница од 14 до 59 години. Најголемиот дел од приведените – 274 од 300, се мажи.

Наведени се и прекршоците на приведените. Тие вклучуваат „обид за убиство, фрлање бомба, создавање експлозив или запалив предмет, фрлање камења, контакт со непријателска организација, тешки телесни повреди и палење на националистичка основа“.

Според договорот, во првата фаза се очекува да бидат ослободени само 150 затвореници.

Катар, кој посредуваше во договорот меѓу Израел и Хамас, претходно соопшти дека „број на палестински жени и деца приведени во израелските затвори“ ќе бидат ослободени во замена за 50 заложници.

Претставничка на Хјуман рајтс воч вчера за Би-Би-Си изјави дека има речиси 7.000 Палестинци во израелски притвор, вклучувајќи 200 жени и околу 60 деца.

Некои од децата биле приведени за „релативно помали прекршоци како фрлање камења“, изјави програмската директорка на ХРВ Сари Баши за програмата „Њузаур“ (Newshour).

Таа додаде дека палестинските деца подлежат на воениот закон, според кој се случило да „се апсат среде ноќ (…) да се испрашуваат без нивните родители или адвокат, и да се држат долги временски периоди за релативно помали прекршоци“.  (МИА)

 

To top