Фудбалскиот клуб Шкендија соопшти дека потпишале со Бесарт Ибраими.
Ибраими доаѓа од редовите на актуелниот шампион Струга Трим Лум.
-Шкендија со задоволство може да го потврди ангажманот на добро познатиот напаѓач, Бесарт Ибраими, стои во соопштението на тетовскиот тим.
Ибраими вели дека е многу среќен што се враќа во Шкендија каде што играше од 2015 до 2021 година.
-Многу сум среќен што се враќам во Шкендија, ќе дадам се од себе за овој голем клуб, рече Ибраими.
Во Шкендија се враќа по три години, откако во периодот 2015-2021, шест години беше меѓу главните играчи во најуспешниот период на клубот.