Свет Шок изјава

Борел: Израелската влада да се огради од изјавата на Смотрич за блокирање на помошта за Газа

„Намерното изгладнување цивили е воено злосторство: министерот Смотрич кој се залага за тоа е повеќе од срамен“, напиша Борел на платформата Х.

Борел: Израелската влада да се огради од изјавата на Смотрич за блокирање на помошта за Газа

 Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека очекува израелската влада да се огради од израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич кој вчера изјави дека верува дека блокирањето на хуманитарната помош за Појасот Газа е „оправдано и морално“ дури и ако два милиона цивили умрат од глад.

„Намерното изгладнување цивили е воено злосторство: министерот Смотрич кој се залага за тоа е повеќе од срамен“, напиша Борел на платформата Х.

Тој додаде дека Брисел сака Ерусалим „да обезбеди целосен извештај за пријавените дела на тортура во затворот Сде Тејман“. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top