Ракомет

Никола Карабатиќ се прости од ракометот

Никола Карабатиќ се прости од ракометот

Легендарниот француски ракометар Никола Карабатиќ по елиминацијата на Францја од Летните Олимписки Игри оди во пензија и ја заврши професионалната ракометна кариера.

40-годишниот Карабатиќ важи за еден од најдобрите ракометари во историјата и воедно играчот со најмногу освоени одличја на големата сцена.

За Карабатиќ оваа сезона беше 22. професионална во кариерата. Бекот трипати беше европски првак со Монпелје, Кил и Барселона, додека со Франција трипати ја освои олимписката титула, има едно сребро.

Исто така, Карабатиќ четири пати беше светски првак, а трипати го освои и Европското првенство.

To top