Македонија

Во Прилепската касарна почна одбележувањето на 23 години од Карпалак

Со почит пред спомен обележјето и пораката „Никогаш да не се повтори“, во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечерва почнаа чествувањата на 23-годишнината од загинувањето на 10 припадници на резервниот состав на АРМ. На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Пред спомен обележјето се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани.

Обраќајќи им се на присутните, потполковник Славчо Кузманоски, командант на касарната, рече дека денешниот и утрешниот ден треба да бидат денови на сеќавања и оддавање достојна почит на бранителите.

-Поминаа 23 години без нашите соборци и другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко. Денес, ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели, сограѓани се поклонуваме пред паметникот кој е подигнат во нивна чест, одбележувајќи 23 години од нивното загинување, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Денес се сеќаваме и евоцираме спомени, а дел од непосредните учесници во тогашните случувања, преку нивните сведочења ја пишуваат историјата која не треба да биде заборавена. Дел и од нивните преживеани другари, учесници во настаните денес се, за жал, починати, рече потполковник Кузманоски.

Тагата и болката остануваат, особено кај најблиските, но, додаде, останува и длабоко втемелената гордост што беа дел од единицата на Касарната.

-Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот на 10-те загинати прилепски и македонски херои да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и никогаш да не дозволиме да се повтори, рече командантот на прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски.

Вечерва во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба во спомен на загинатите.

Утре на денот на годишнината централното чествување е пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

Најнови вести од Македонија

To top