ОВЕН
Пред вас е уште еден ден исполнет со квалитетни договори, добри контакти и големи шанси за добра зделка. Пробајте да ги намалите последиците од вашето нетактичко однесување така што ќе посветите поголемо внимание кон саканата личност. Засилете го имунитетот.
БИК
Доста грешки може да ве чекаат на работното поле денеска, особено за документација и формалности. Затоа контролирајте се што работите. Голем дел од денот реално ќе почувствувате немир поради љубовни дилеми. Колку и да сакате тоа да го сокриете, најдобро е отворено да разговарате. Нервоза, напнатост на полето здравје.
БЛИЗНАЦИ
Ако нешто правите што ви е важно, обавезно консултирајте се, побарајте совет или помош. Проверете ги сите информации. За слободните не е препорачливо да се залетувате со влез во врска. Уживјате и пуштете се да оди по својот тек. Засилете го имунитетот.
РАК
Голем дел од работите кои ќе ги почнете, ќе ви одат од рака. Работата ќе ја одработувате со голема леснотија и со добра поддршка од соработниците. Бидете флексибилни да излезете во пресрет на саканата личност. Чувајте се од настинки и вирусни инфекции.
ЛАВ
Бидете внимателни кога се во прашање договорите на работното поле. Би било добро да не потпишувате ништо, но доколку морате, нека биде со проверени соработници. Слободните припадници на овој знак ќе имаат прилика за флерт и уживање во нови познанства, но ништо нема да ве заинтересира за нешто посериозно. Чувајте се од студено време.
ДЕВИЦА
Постои шанса некои важни контакти да се обноват, и да се почнат преговори. Бидете подготвени за акција. Слободните може да очекуваат познанство преку пријател, социјални мрежи или на некој собир. Постои можност за влез во тајна врска. Чувајте се од настинки.
ВАГА
Ангажирајте се максимално во работните договори и контактите. Нема да имате резултати во ист момент, но ќе го скратите патот кон успехот. Што се однесува до љубовното поле, за очекување е односите да бидат над просекот. Можни се ситни физички промени.
ШКОРПИЈА
Работно може да ви се отвори нешто за кое долго време размислувате и го посакувате. Во љубовта, ве очекуваат многу значајни средби и договори. Не сте свесни дека некои работи може многу лесно да започнат. Чувствителност на кардиоваскуларниот систем.
СТРЕЛЕЦ
Постојат големи шанси да се активирате околу некои планови и решенија, но и да иницирате договори со работните портнери на полесен начин. Во љубовта, посветете се на заеднички собири, дружење со пријатели или изведете ја саканата личност на вечера. Можна несоница.
ЈАРЕЦ
Не се трудите доволно, а тоа не минува незабележано. Менувајте се ситуацијата ако сакате да останете на моменталната позиција. Во љубовта, потребен ви е „издувен вентил“ и некој нов партнер. Одморајте се.
ВОДОЛИЈА
Ако работите со странци, сега е вистински момент да комуницирате интензивно, да давате предлози и да се активирате што повеќе. Во љубовтa, размислете за заеднички акции со саканата личност. Потребни ви се повеќе опуштени моменти. Потребен ви е квалитетен сон.
РИБИ
Очекувајте нова понуда или договор. Ќе успеете да добиете шанси да напредувате. Само храбро искористете ги. Во љубота, бидете трпеливи со саканата личност. Не брзајте никаде. Чувствителна кичма.