Ракомет

Македонските ракометни кадети испуштија реми со Франција на ЕП

Македонските ракометни кадети испуштија реми со Франција на ЕП

Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 18 години започна со пораз на Европското Првенство во Црна Гора.

Вреди да се напомене дека избраниците на Танески беа максимално рамноправни против фаворизираната Франција, а поразот дојде со гол примен на десет секунди пред крајот за конечни 28-29.

Дамјан Митев постигна девет погодоци кај нашиот национален тим додека шест реализираше Јован Петрески.

Во второто коло в четврток Македонија игра против Германија додека третиот меч е в сабота против Полска..

To top