Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Сопиште.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Нова Брезница, делот од селото кој гравитира кон патот за кон Кула во Општина Сопиште.