Фудбал

Давид Бабунски е вториот најдобар трансфер во шкотската Премиер лига во летниот преоден рок

Давид Бабунски е вториот најдобар трансфер во шкотската Премиер лига во летниот преоден рок

Шкотските медиуми се воодушевени од стартот на македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски во новиот клуб, а на ранк листата на трансфери, плејмејкерот се наоѓа на втората позиција меѓу најдобрите трансфери во летниот преоден рок во Шкотската Премиер лига.

„Како продукт на славната Ла Масија од Барселона, 30-годишниот офанзивен играч за врска веќе вооодушеви во првите настапи за Данди Јунајтед. Има големо искуство стекнато во Шпанија, Унгарија и Јапонија. Интересно засилување за Данди кое може добро да се исплати“, се вели во описот на трансферот на Бабунски.

To top