Хроника

Три лица повредени, со автомобил удриле во паркирано возило

Три лица повредени, со автомобил удриле во паркирано возило

На 05.08.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

To top