Македонија

Адеми – Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми денеска имаше работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Адеми – Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми денеска имаше работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Адеми на средбата истакна дека е од големо значење што активностите на највисокиот суд во државата се оценети позитивно во новиот Извештај за владеењето на правото на Европската Унија, соопшти Врховниот суд.

– Позитивните оценки за Врховниот суд на Република Северна Македонија претставуваат континуитет на извештаите на Европската комисија последниве години и тоа е голем мотив да продолжиме со истите заложби и програмски цели. Остварувањето на препораките на Европската комисија е клучно за нашиот европски пат, истакна Адеми, упатувајќи благодарност до амбасадорот за неговата посветеност и поддршката на ЕУ за владеењето на правото и независноста на судството.

Амбасадорот Гир нагласи дека иновативноста и креативноста на Врховниот суд е за поздрав, особено за прашањата кои се однесуваат отвореноста на судството, јавниот интерес и унапредувањето на судската практика, во кои спаѓаат и начелните ставови за транспарентност на предметите од јавен интерес, примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и прашањето за здравата животна средина.

На средбата е потенцирано и значењето посетите на претседателката на Врховниот суд на пониските судови низ целата држава, на кои се разговара за суштинските прашања во делот на финансиската независност, кадровската екипираност, ефикасноста, отчетноста и солидарноста.

Во таа насока, беше истакнато дека Врховниот суд е добар пример за целото судство и дека позитивните оценки се јасен сигнал дека само со доследно почитување на европските стандарди и принципите за независно судство може да се оствари реформската и европската агенда, се наведува во соопштението од Врховен суд.

Најнови вести од Македонија

To top