Македонија прес-конференција

Курти за инцидентот со Вјоса Османи: Не треба да имаме тензии, јас и Мицкоски не сме цариници, ниту полицајци

Несомнено беше тешко искуство за претседателката Османи на 2-ри август на аеродромот „Скопје“. Таа била со семејството и двете мали ќерки. Органите на Северна Македонија и официјалните лица изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој во целост ќе го расчисти ова дело, со цел да не ни се повторат вакви ситуации, рече премиерот на Косово, Албин Курти за инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

На прашањето дали ова се смета за провокација, косовскиот премиер вели: „не знам како институции дали сме имале таков став“.

-Mоже некој да го кажал од косовските граѓани, но не и институциите на Република Косово. Го кажавме својот став и го видовме ставот на македонското МНР. Не треба да имаме тензии. Не можеме јас и Мицкоски да бидеме и цариници и полицајци и инспектори…Верувам дека во однос на суштината на прашањето, одговоривме и мерките се преземаат, истакна Курти на новинарско прашање, на прес-конференцијата со неговиот македонски колега, Христијан Мицкоски.

Според косовскиот премиер, согласно неговите информации, оптимист е дека нема да се повторат вакви случаи.

Најнови вести од Македонија

To top