Хроника

Автомобил излета од патот Македонска Каменица – Делчево, тројца повредени

Автомобил излета од патот Македонска Каменица – Делчево, тројца повредени

Во полициската станица Делчево денеска во 00.43 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано „Баткова чешма“ во Делчево, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.А.(24) од Македонска Каменица, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.А. и неговиот сопатник Н.Ј. (26) од Македонска Каменица, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Р.А.(27) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

To top