Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на буџетот за 2024 година. Според пратеничката Драгана Бојковска, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наследила буџет во хаос, во кој не се предвидени средства за исплата, а кои биле законска обврска за државата.
Таа истакнува дека и со такви позиции, граѓаните на Република Македонија нема да бидат оставени и ќе се покаже грижа за никој да не биде заборавен, а во овој ребаланс особено внимание се посветува на младите, учениците, студентите, спортистите.
-1. Издвојуваме повеќе средства за изградба на спортски сали, а обезбедени се и 550 милиони денари за ваучери во спортот кои беа заборавени.
2. За да обезбедиме учебник за секое дете, кон Бирото за развој на образованието издвојуваме 80 милиони денари. Секое дете заслужува учебник, со цел непречена настава во образовниот процес. Најмладите се наш најголем приоритет.
3. Предвидени се 270 милиони денари за стипендиите. Претходната Влада ги оставила студентите со непланирани исплати за стипендии, нешто што беше својствено за претходната Влада да ги остава студентите со месеци без стипендии. Студентите можат да бидат спокојни, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства и за стипендиите.
4. За студентски оброк – предвидовме 437 милиони денари. Законска обврска која не беше предвидена за исплата во Буџетот креиран од СДСМ и ДУИ. Студентите како наши идни високообразовани кадри не смеат да бидат заборавени и студентскиот стандард не смее да се доведува веќе во прашање. Обезбедени се средства за непречена исплата на субвенциониран студентски оброк и средства за енергетска ефикасност на студентските домови.
5. За оваа година обезбедуваме средства за вработување на 300 специјализанти, со што за само 30 дена од формирање на владата, наоѓаме решение за младите лекари да ги задржиме дома. Следната година уште 300 млади доктори специјализанти ќе бидат со решен статус на вработување. Егзодусот на младите лекари мора да запре, а државата мора да се грижи за нив, изјави пратеничката.
Бојковска потенцираше дека младите имаат верен партнер во владата и парламентарното мнозинство.
-За само еден месец, со овој ребаланс докажуваме дека младите се наш фокус, а наша најголема цел е секој еден граѓанин да добие подобар животен стандард во Македонија, нагласи таа.