Mашка селекција за играчи „Под 18“ години вечерва завршува со настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје.
Македонските јуниори го одигра последниот натпревар на првенството, за шампионскиот трофеј, имаа дуел против репрезентацијата на Австрија со краен резилтат 98:88 и победа на нашата репрезентација.
Најдобар стрелец во финалето беше капитенот Никола Јаничиќ со 30 поени, пред Стефан Стојковиќ со 15 поени, а Сергеј Младеновски имаше 14 поени. Двоцифрен ефект имаше и Марко Луканоски со десет поени. Кај Австрија. Нико Железник даде 21 поен, а Имран Суљановиќ имаше 19 поени.
Поради настапот во финалето и Македонија и Австрија во следното издание на Европското јуниорско првенство ќе играат во А-дивизијата.
Резултати по четвртини:
Q1 AUТ 29: MKD 32
Q2 AUТ 15: MKD 25
Q3 AUТ 20: MKD 21
Q4 AUТ 24: MKD 20