Хроника Бела прашкаста материја

Пред ноќен клуб во Охрид фрлил дрога кога видел полицајци

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пред ноќен клуб во Охрид фрлил дрога кога видел полицајци

На 04.08.2024 во 02:40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е П.М.(25) од едно струшко село.

При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top