Останати спортови

Кејти Ледецки е на чекор до најодликувана спортистка на сите времиња!

Кејти Ледецки е на чекор до најодликувана спортистка на сите времиња!

Американската пливачка Кејти Ледецки го освои четвртиот последователен и вкупно деветти златен медал на 800 метри слободно.

Таа до триумфот стигна со време од 8:11.94 минути додека втора беше Австралијката Аријарна Титмус со 8:12.29 минути, а пак трета Пејџ Маден.

Ледецки ја продолжи доминацијата во оваа категорија, иако во првите 300 од 800 метри Аријана Титмус беше во водство и двете имаа доволно време за светски рекорд.

Ова е вкупно деветти златен медал за Кејти Ледецки и со тоа се изедначи со легендарната гимнастичарка Лариса Латинина и ќе се обиде да ја симне од првото место и да стане најодликувана спортистка на сите времиња на Олимписките Игри.

To top