Останати спортови

Лоренцо Мусети го освои бронзениот медал на ОИ во Париз

Лоренцо Мусети го освои бронзениот медал на ОИ во Париз

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети е освојувач на бронзениот медал на Летните Олимписки Игри  во Париз во машка конкуренција откако славеше во „малото финале“.

Мусети беше подобар од Феликс Оже-Алијасим од Канада кого го совлада со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-3).

Канаѓанецот за првпат беше во оваа фаза, но не успеа да дојде до престижното одличје како дебитант.

To top