Кошарка

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во финалето на ЕП и во А кошаркарската дивизија

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во финалето на ЕП и во А кошаркарската дивизија

Македонската jуниорската кошаркарска репрезентација на Европското Првенство (ЕП) Б-дивизија ја победи и Бугарија со 92-68 и така ќе игра во финалето во Скопје, а истовремено обезбеди пласман и место во А-дивизијата.

Кошаркарските јуниори водеа од почетокот до крајот на оваа средба,се одигра еден перфектен натпревар за да на крајот се дојде до убедлива победа.

Со оваа победа, Македонија покрај што се пласира во финалето, обезбеди место и во елитната дивизија во следното издание на еврошампионатот.

Луканоски со 20 поени и 16 скока беше прв стрелец, зад него беше Трајанов, кој исто имаше дабл-дабл, но од 17 поени и 11 скока. Јаничиќ беше стрелец на 17 поени. Финалето на ЕП Б-дивизија е закажано во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 21:00 часот.

To top