Останати спортови

Боксерката од Алжир која е обвинета дека е маж обезбеди медал и се расплака по мечот (ВИДЕО)

Боксерката од Алжир која е обвинета дека е маж обезбеди медал и се расплака по мечот (ВИДЕО)

Алжирската боксерка Имане Келиф, која е обвинета дека е маж, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 66 килограми и на тој начин обезбеди медал.

Келиф, кој има XY хромозом, со едногласна одлука ја победи Унгарката Ана Лука Хамори.

Келиф апсолутно доминираше во сите рунди, а по победата пукна во солзи и се залета во прегратките на тренерот Педро Дијаз, поранешен тренер на Филип Хрговиќ.

Алжирката за пласман во финалето во кое ќе биде фаворит ќе се бори против Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг.

To top