Тенисерката од Кина Кинвен Женг одигра моќно во големото финале на ОИ во женска конкуренција.
Уште при првиот гем на сервис на Векиќ направи брејк, кој потоа го потврди и поведе со 3-0. Векиќ, која што пред само неколку месеци беше на раб да ја заврши кариерата успеа да се соземе по почетниот шок и ги освои следните два гема на свој сервис, но не и третиот, откако Женг со нов брејк стигна до 6-2 и водство во сетови од 1-0.
Во вториот сет се играше нешто поизрамнето. Женг одново направи експресен брејк, но Векиќ возврати со ри-брејк за 2-1.
Следуваше на сигурна игра на двете тенисерки на свои сервиси, но тенисерката од Хрватска повторно потфрли во осмиот гем и Женг со уште еден брејк влезе во нова предност која потоа ја потврди за историски успех и златен медал за Кина.